Рано утрово беше спроведена акција за заловување на кучиња скитници од централното градско подрачје, информираше кичевскиот градоначалник Александар Јовановски на ФБ .

Заловените кучиња се згрижуваат во соодветен центар, каде што им се обезбедува ветеринарна нега, вакцинација, стерилизација и хуман третман, согласно важечките прописи.

Со ваквите активности продолжуваме да работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните и подобрување на условите за благосостојба на животните.

Акциите ќе продолжат и во наредниот период, стои во објавата на градоначалникот на ФБ.

Exit mobile version