Акција за чистење диви депонии во Скопје

Под мотото „Биди дел од чиста иднина“, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска организира масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, а во неа ќе се вклучат вработените во претпријатието, општините и Секретаријатот за европски прашања, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.

Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на акцијата ќе го означи директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, во присуство на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, в.д амбасадорката на САД, Микаела Швајцер Блум, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, претставници од Стопанската комора, професори и студенти од Економскиот факултет, Универзитетот на ЈИЕ, Универзитетот Мајка Тереза и Балканскиот универзитет, како и директорите на сите јавни претпријатија при Градот Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега