Акција низ скопските пазари – запленети 860 килограми режан тутун

Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спровеле заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите во Скопје.

„Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, нагласуваат од Царинската управа.

Како што се информираа во соопштението, цел на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

18.09.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега