Акција на МВР во тетовско: Уапсени 3 лица

Три лица од Тетово биле приведени вчера во различни акции на полицијата.

„На 26.11.2020 околу 20:45 часот, во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода  М.Ј.(43) и Ф.И.(33), двајцата од село Слатино,тетовско, и при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.   

На 27.11.2020 околу 01:30 часот, на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, полициски службеници на СВР Tетово го привеле С.С.(21) од село Копачиндол, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото  „фолксфаген голф“  со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден нож. По целосното документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега