АХВ: Вакцинацијата за антракс ја набавуваат и вршат ветеринарните друштва со децении

Бледа телевизиска сапуница е и денешната прес конференција за членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, кој во име на неговата партија, ја обвинува Агенцијата за храна и ветеринарство за нереализирање на мерката вакцинација на добитокот против болеста антракс, која неодамна беше детектирана и на одгледувалиште во Кичевско. Ова денеска во реакција го велат од АХВ.

- Место одговори да барате на безидејни прес конференции, владеејќи 11 години, досега требаше да научите дека вакцинацијата ја вршат ветеринарните друштва, не само во изминативе две години, туку децении наназад. Тие, а не Агенцијата за храна и ветеринарство и ја набавуваат, на комерцијална основа, и оттаму, времето кога вакцинацијата ќе се спроведе во рамки на една календарска година, согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните е исклучиво нивна. Апелираме, ВМРО ДПМНЕ да не ја троши креативноста на неосновани прозивки. Секоја година во дестриктите се спроведува вакцинација, а рокот кога ќе се спроведе истата е одлука на сточарите во соработка со ветеринарните друштва. АХВ нема обврска да ја извести СЗО за појава на болеста, како што тврди Трипуновски. И ова, е тотално непознавање од страна на ДПМНЕ кое раководеше 11 години со оваа институција. Од страна на Агенцијата, тоа е сторено, но, до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, кон која има обврска да информира, велат АХВ.

Додаваат дека храброст за поднесување на оставка за таканаречениот двонеделен молк, не е потребна, бидејќи по овој случај, следејќи ги светските протоколи, сите неопходни мерки од страна на Агенција се преземени навреме. Решителност и храброст се потребни за работа, а не за политиканство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега