По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
„Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на
инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“, соопштија од АХВ.
- Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
- СДСМ: Мицкоски – баш арамија
- МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика
- Маж снимен како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти
- Директорот на затворот Шутка Бобан Утковски поднесе оставка
- Тензии во Берлин и Вашингтон: Откажан телефонскиот разговор меѓу Мерц и Трамп
- Уапсен тетовец – ги натепал снаата и ќерка и
- Хера: Сеопфатното сексуално образование е решение за насилство, злоупотребата и дезинформациите



