Ахмети: Заев кога ќе се напие две ракии зборува дека ДУИ оди во опозиција, а пред мене друго кажува

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за албанска телевизија „Syri Tv“ ги коментираше политичките состојби во Македонија.

Toj коментирајќи ја изјавата на Заев дека ДУИ ќе оди во опозиција рече дека ваквите изјави Заев ги дава кога е на кафе, па ќе се напие и две чаши ракија бидејќи како што рече тој пред него поинаку разговара.

– Овие изјави Заев ги дава на кафе кога ќе се напие и две чашки ракија бидејќи кога е со мене поинаку зборува. Јас не сум од тие кои едно зборуваат предпладне а друго попладне. За нас е добро да победи актуелниот партнер, но сепак одлучуваат граѓаните. Но таков е Заев дава такви изјави. Јас не сум таков – рече Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега