Ахмети: Заедничката владина седница меѓу Македонија и Косово треба да е историска

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во интервју за новинаската агенција „Косовапрес”, изјави дека заедничката владина седница меѓу Македонија и Косово, која поради политичките околности во Приштина не се одржи досега, треба да биде историска и во полза на двете земји.

„Поради вонредните околности што беа создадени на Косово, не беше можно оваа средба да се одржи. Значи, по конституирањето на новата Влада во Косово, останува да се процени моментот кога ќе се одржи заеднички состанок помеѓу нашите две влади, на Косово и Македонија. Тоа е за доброто на двете земји, тоа е момент што треба да се искористи и спроведе во корист на граѓаните на нашите две земји”, истакна Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега