Ахмети: Венецијанска комисија ја користевме само за да се намалат тензиите кај Македонците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека Законот за употреба на јазиците бил испратен на мислење во Венецијанската комисија само заради намалување на тогашните актуелни тензии што се јавиле кај Македонците.

Според претседателот на владиниот коалиционен партнер, законското решение и тогаш било договорено и никој немал проблеми со истото, односно немало потреба да се се оценува.

„Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани“, изјави вчера Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега