Ахмети: Терористи е тешко обвинение за обвинетите од 27 април

 

„Не можете да ги прогласите за криминалци обвинетите од судската постапка за 27 април, се додека трае судскиот процес против нив", изјави вечерва Али Ахмети, првиот човек на ДУИ во интервјуто за „Клик плус" на ТВ21.

„Не се согласувам со фразата "тероризам". Тоа е најтешка категорија на кривично дело во Кривичниот законик. Овие луѓе не може да се прогласат за криминалци бидејќи против нив се води судска постапка", изјави Ахмети во интервјуто. 

Во врска со тоа дали на 27 април во Собранието имаше обид за Пуч, Ахмети вели дека тоа треба да се утврди.

 

 

 

 

 

22.10.2018 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега