Ахмети со апел до опозицијата: Не се повлекувајте од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако во петок пропадна обидот за нов договор.

-Имавме средби. Апелирам опозицијата да не се повлекува од дијалогот и да се постигне согласност за доброто на државата, изјави Ахмети, пренесе Макфакс.

Ваква порака вчера испрати и вицепремиерот Османи, кој додаде дека покрај преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, власта треба да продолжи и со разговори со пратениците за обезбедување на двотретинско мнозинство, додека СДСМ велат дека нивната позиција е јасна и недвосмислена и дека најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега