Ахмети се сретна со германската амбасадорка: Да не се доцни со конституирање на институциите

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денес во Тетово се сретна со Германската Амбасадорка г-ѓа Анке Холштеин.
Првата средба за запознавање помеѓу соговорниците беше пријателска и срдечна придружена со размена на мислења за изборниот процес во нашата земја.
Ахмети и честиташе на Амбасадорката Холштеин за новата функција и се заложи за продолжување на блиското пријателство и соработка со Германија изразувајќи голема благодарност за досегашниот придонес на Берлин за нашата земја и регионот.
Изборниот процес од страна на соговорниците се оцени како демократски и
во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува
конституирање на Собранието и на Владата што поскоро.
Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на институциите не смее да доцни.
Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нашите изборни ветувања.
Ахмети и Германската Амбасадорка се договорија за продолжување на дијалогот и соработката и во иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега