Претседателството на генералниот совет на ДУИ ја одложи одлуката за своето учество на најавената лидерска средба која премиерот ја закажа за утре.
Партиското тело вчера решило одлуката да се донесе на денешната седница на Генералниот совет. Со тоа Левица засега останува единствената партија што ќе ја претставува опозицијата откако лидерот на СДСМ јасно кажа дека нема да присуствува на средбата.
Во меѓувреме пристигнуваат барања и од вонпарламентарни партии. Од ДОМ ја поздравуваат дебатата и бараат да се земе предвид нивното барање за промена на изборниот модел и воведување на една изборна единица. Слично барање има и партијата Левица.
Премиерот Мицкоски минатата недела ги повика на средба лидерите на парламентарните партии за да се договорат за реформските закони и за укинување на моделот на техничка влада пред избори.
Власта во Собранието има доволно мнозинство за да го смени законот за техничка влада, но се надева на консензус до кој е извесно дека не може да се дојде имајќи предвид дека СДСМ е јасно против додека останатите партии тактизираат со услови за чие исполнување речи си и да нема никаков простор.
Според најавите лидерската треба да се одржи утре околу пладне.
- Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците
- Кривични пријави, руско масло во бугарската пропаганда
- Утре подгответе ги чадорите – од УХМР најавуваат дожд
- Се дигитализира системот за заразни болести, пристигнува АЛЕРТ 2.0
- Американска подморница потопи ирански брод
- Скопјанец пронајден починат во својот дом
- Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram
- Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ


