Ахмети од Кичево: Патриотизам е да се гласа за иднината на земјата на 30. септември

Демократската Унија за Интеграција во рамките на активностите на кампањата за референдумот одржа собир со граѓаните во Кичево, каде пред присутните Ахмети го претстави ставот ЗА влез во најголемата воена алијанса НАТО. 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека на 30 септември  се гласа иднината, на 30 септември се обележува поновата модерна историја на ова држава. 

"На 30 септември се одлучува за тоа дали ќе се построиме до западните демократски земји или еднаш засекогаш ќе ги разочараме  сите наши пријатели и ке нема да ги испочитуваме сите тие наши платформи, програми и определби кои сме ги имале и да се построиме каде НЕ ни е местото, до источниот блок. Ако сакаме држава, дојдете на 30 септември да гласаме за државата. Нашата поговорка вели дека дадената можност треба да се искористи, двапати не ни доаѓа 30 септември,  не се повторува. Сите треба да се освестиме и да бидеме одговорни, тој што е патриот на 30 септември гласа за стабилноста и безбедноста  на земјата, значи, патриотизам е да се гласа за иднината на новите  генерации и за ова иднина се одлучува на 30 септември", рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

 
Збор пред граѓаните земаа вицепремиерот, Хазби Лика, градоначалникот на Кичево, Фатмир Деари и министерот за економија, Крешник Бектеши.  За време на утрешниот ден Централниот штаб на ДУИ за референдумот ќе присуствува во Општина Брвеница и Општина Боговиње.
 

 

 

16.09.2018 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега