Ахмети: Очекувам да се донесе Законот за јазиците

 

 

Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, пред почетокот на седницата за законот за употреба на јазиците, одржуваат координативни средби на кои присуствуваат и лидерите на нивните партии.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во моментов е на координација со пратениците од неговата партија и коалицијата, додека координацијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е веќе завршена, а на неа, според информации на пратеничката група, присуствувал и лидерот Христијан Мицкоски.

Половина час пред почетокот на седницата во собраниската зграда дојде и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој кусо изјави дека очекува законот да биде донесен.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по координацијата не откриваат како ќе настапат на денешната седница на која на дневен ред се нивните над 35.000 амандмани. Само велат дека законот не треба да биде донесен без да има амандманска расправа.

Продолжението на 32. седница на Собранието на која на дневен ред се амандманите за законот за употреба на јазиците во трето читање е закажана за 13 часот. 

 

 

 

14.03.2018 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа