Ахмети: Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа во Сарај, каде што се бираше претседател на огранокот на ДУИ за Сарај, во својот говор зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека, зборуваше за селективната правда која според него се случува во Македонија, но кажа дека и македонските партии, мислејќи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го девалвираа целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг, пренесува ТВ21.

„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда. Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто“, рече Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа