Ахмети: Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција па да ни ја видат силата

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во синоќешното интервју за ТВ 21 рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.

- „Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“, искоментира Ахмети за изјавата на Зекири „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.

-За 15 месеци ја ставивме на колена ВМРО, вели лидерот на ДУИ.

Доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание. Али Ахмети одговори дека тоа за неговата партија е прифатливо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега