Демократрската Унија за Интеграција, ја информира јавноста дека денес, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја свика втората седница на Претседателството на Генералниот Совет.

„На оваа седница се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ.

Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет.

На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ, и тоа:

• Кичево – Арлинд Сејдини

• Врапчиште – Евзал Арслани

• Ресен – Арјан Муедини

• Карпош – Хамза Јашари

Демократската Унија за Интеграција, останува посветена на зајакнувањето на партиските структури и на одговорното адресирање на политичките случувања, во интерес на граѓаните и политичката стабилност на земјата“, стои во соопштението од ДУИ.

Exit mobile version