Ахмети: Борците го дадоа својот живот за слобода

Под покровителство на претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес по повод 5 мај – Денот на паднатите борци, се одржа Меморијална академија.

Во оваа пригода, претседателот на Демократската Унија за Интеграција и лидерот на Албанците во Република Северна Македонија, г. Ахмети одржа говор, зборувајќи за војната и пожртвуваноста на албанскиот народ, комеморацијата на паднатите борци за слободата што ја имаме денес, достигнувањата на Албанците, еднаквоста и патот по кој треба да се движи нашиот народ и регионот кон целосно отстранување на границите.

„Денес е 5 мај, ден на сеќавање, ден на не заборав, на оние големи настани што се случија пред 20 години, ние на секоја годишнина и на секој 5 мај ги чествуваме и со оваа даваме пораки за идните генерации дека минатото не било само драма, но било момент на пожртвуваност, за најблиските, за семејствата, но во исто време без овие жртви, но исто така и без оваа болка немаше да биде она за што Албанците работеа со векови. Денес се одбележуваат 20 години од чествувањето нашите паднати борци, преку посети на нивните семејствата, гробиштата, но оваа година поради вонредната состојба што ја имаме, овие посети не ги реализираме и решивме да организираме Меморијална академија во чест на оваа 20-годишнина и во почит кон нашите херои и нивните семејства и во спомен на сите патриоти со цел да дадеме порака дека во ниту еден момент нема да дозволиме нивниот аманет да остане во заборав.

Постигнавме многу, но никогаш не е доволно. Имаме уште многу да направиме затоа што имаме обврски кон нашите паднати борци, имаме обврска кон нивната пролеана крв.

Ние сме свесни за тоа што не очекува, но во исто време сме подготвени за да се соочиме со тоа, ниту се плашиме ниту ќе се плашиме некогаш од тешкотиите што не очекуваат. Идеал на нашите херои беше да нашето национално знаме се вее гордо, оваа веќе го реализиравме, мајчиниот јазик да се учи без ниту една пречка, ние успеавме да го сториме и оваа, на три универзитети веќе се следи настава на нашиот мајчин јазик, успеавме да ја институционализираме гордоста и достоинството на албанците откако тоа беше сквернавена, повторно велам дека има уште многу работа пред нас, денес и покрај достигнувањата, во нашата земја и во регионот, се разбира дека има сепак сили кои сакаат да го дестабилизираат регионот, правејќи проекти и стратегии каде што ние Албанците од Северна Македонија треба да бидеме претпазливи и да не наседнеме на овие провокации. Ние сме против поделбата на оваа држава, и во минатото ја сметавме за наша држава, но не како кираџии, туку како сопственици. Додека имате право на мајчин јазик и на употреба на знамето, но и универзитети, секако дека сте свои на своето.

Наша цел е да го направиме вистинскиот чекор и да се приклучиме на ЕУ како што тоа го сторивме со членството во НАТО, наша обврска е да работиме заедно со нашите сограѓани бидејќи оваа земја е заедничка и ние мора да се движиме кон Европската Унија, да ги отстраниме сите граници.

Слава на сите што загинаа за слобода, да живее Албанскиот народ“, кажа Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа