Ахмети: Америка е при нас цел еден век

Со свечена академија и со откривање на статуата на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон пред општинската зграда, општина Чаир вчера ја одбележа 100-годишнината од Версајскиот договор, кој го означи завршувањето на Првата светска војна.

На настанот присуствуваше делегација од градот Стентон, на чело со градоначалничката Carolynw Dull, каде што е роден Вилсон, високи функционери меѓу кои: претседателот на Собранието, Талат Џафери, министри, заменици-министри, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и претставници на дипломатскиот кор.

„Јас припаѓам на генерацијата кога се направија првите чекори во насока на барање на рамноправноста, слободата, генерацијата на 1981 година, на Студенското движење.  Сите наши барања завршија со крвопролевање и репресија, почнаа луѓето да не прашуваат каков однос имате со Соединетите Американски Држави, дали ги подржуваат вашите барања за слобода?! Сметајте на Соединетите Американски Држави, затоа што за тешки денови, не само за нас Албанците, туку за сите мали заробени народи, Америка е прав пријател“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и додаде:
„Ние не бевме инфериорни, затоа што, сите што не сакаа мир, правда и слобода не нападнаа дека наводно ние сме инфериорни, но НЕ, ние сме благодарни затоа што тие кои што во тоа време, 1981 година, ни кажаа  дека вистинската поддршка ќе ја имаме од Америка не беа образовани по академии, тие само ја пренесоа историската меморија на нацијата.  Ова се случи токму во најтешките моменти, токму поради принципите на Америка, стоеше до нас во нашиот пат и ние го добивме тоа што што го баравме и посакувавме, слобода, правдат, рамноправност, сега  веќе ќе го зајакнеме мирот и стабилноста  во нашиот неповратлив пат кон интеграцијата во НАТО и Европската Унија.  Вилсон беше тој кој што ги демаскираше скриените договори во корист на малите народи, поради таа причина се поставува тука да служи како ѕвезда во бесмртноста, за да пренесе бројни пораки за генерациите што доаѓаат, токму ова е мисијата за која се залагавме овој Претседател, Вилсон, да пренесе пораки и во иднина“, кажа Ахмети. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега