Ахмед е стоиот добитник на Нобелова награда за мир - Етиопија е горда на својот премиер

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е стоиот добитник на Нобеловата награда за мир која денеска му беше доделена поради залагање за постигнување мир со Еритреја.

Во образложение за Норвешкиот Нобелов комитет се наведува дека наградата на Ахмед му е доделна поради неговиот напор да се постигне мир и меѓународна соработка, поседбно поради одлучната иницијатива да се реши пограничниот конфликт со соседната Еритреја, пренесува Ројтерс.

Во првата реакција на наградата од кабинетот на Ахмед се наведува дека Етиопија е горда како држава поради наградата на нивниот премиер.

„Оваа победа и признание е колективна победа за сите во Етиопија и повик за зајакнување на нашата одлучност во тоа да ја направиме Етиопија нов хоризонт на надеж, просперитетна држава за сите“, се наведува во соопштението од кабинетот.

Нобеловиот комитет истакнал дека наградата претставува и признание на сите актери кои работеле на постигнување мир и помирување во Етиопија и во регионот на источна и северноисточна Африка.

Се забележува дека Ахмед штом стана премиер во април 2018 година изрази желба за продолжување на мирновите преговори со Еритреја.

Во соработка со Иса Афверки,Ахмед брзо направил принципи на мировниот договор за завршување на лошата ситуација меѓу двете земји која не е ниту војна ниту мир, се наведува во соопштението.

Тие принципи се изнесени во декларацијата која Ахмед и Афверки ја потпишале во Асмари и Џеди во јули и септември минатата година.

Наградата вредна 900.000 долари на премиерот ќе му биде врачена на 10. декември во Осло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега