Агент 007: Британска мачка станала кинески шпион

Мачката на британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, станала кинески шпион.

Имено, таа мистериозно исчезна на две години, па по сплет на чудни околности им е вратена на сопствениците и од тогаш непречено влегува во сите државни институции, дури и оние во кои се кријат најголемите британски тајни.

Џорџ Озборн ја купи Фреја за своите деца во 2009 година.

- Некои од нас мислат дека Кинезите ја фатиле. Мачките се погодни за шпиони затоа што можат да влезат секаде, што Фреја и го прави. Таа непречено поминува покрај полицијата, детекторите и влегува во владините простории. Ако Кинезите под кожата и вградиле прислушкувачи и камери, тогаш знаат поголем дел од нашите државни тајни, изјави еден од ториевците и додаде дека Озборн е најдобро информираниот министер, што е сомнително.

најчитано сега