Аеродромот во Охрид нема термални камери за преглед на можни заразени од коронавирус

И по речиси два месеци од појавата на смртоносниот корона вирус, на aеродромот во Охрид каде исклучиво доаѓаат странски туристи сè уште не е поставена термална камера за следење на температурата на патниците. Иако бројот на летови и патници е во постојан пораст, а со доаѓањето на туристичката сезона тој број драстично ќе биде поголем, во терминалната зграда сè уште нема превентивни мерки. Ќе се чекало за сомнителни случаи да алармираат странски авио-компании, информира Алсат-М.

 

„Имаме договор со сите авио компании да ни јават однапред доколку има патници кои можат да се во ризик, во смисла да патувале или биле некаде во близина на градот Вухан во Кина, да нè обавестат пред доаѓањето…“, рече Венко Филипче-министер за здравство.

За сомнителните случаи лекарите ќе мора да користат обичен термометар.

„Термална камера очекуваат во најкраток рок да биде пристигната и доставена на охридскиот аеродром. Сега моментално се мери со топломери…“, рече Јованка Коровешоска-епидемиолог-Центар за јавно здравје, Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа