Адвокатот Тортевски кажа колкава казна затвор се предвидува за насилства како тоа во Штип

Полицијата во Штип вчера соопшти дека се приведени двете лица кои се осомничени дека претепале 21-годишна девојка во влез на станбена зграда.

Целиот случај лицата го снимиле на мобилен, а видеото кружеше на социјалните мрежи.

Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка.

Според адвокатот Александар Тортевски делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега