Адвокатот на српскиот професор Мика: Ако продолжи медиумската хајка ќе доставам „некои материјали“ па ќе видиме како некој што е силуван така слатко се смее

Адвокатот Јакољвиќ вели дека ако продолжи медиумската хајка и линчувањето на неговиот клиент, тој ќе биде принуден да достави „некои материјали“.

Ова за медиумите го изјави адвокатот Зоран јаковљевиќ бранител на осомничениот српски режисер и професор Мирослав Мика Алексиќ, откако претходно го напушти сослушувањето на актерката Ива Илинчиќ во обвинителството.

„Не сакам да работам така, но ако продолжи медиумската хајка и линчувањето на мојот клиент, ќе бидам принуден да доставам некои материјали, за да можеме да видиме дали некој толку е среќен и се смее, а претходно бил злоупотребуван. Создадени се ненормални услови за објективно донесување одлуки“. „Притисокот од јавноста е ненормален и владее целосна колективна хистерија. Се прашувамзошто ни е судење, да го раскинеме човекот и да завршиме сè веднаш“, рече адвокатот.

Јакољвиќ вели дека презумпцијата на невиност на Алексиќ била целосно повредена:

„Како никој од тие големи, морални судии не се прашуваше за нелогичностите, како некој што преживеал страшна траума како што е силување и сè уште продолжува да оди во тоа актерско студио. Не бега, не се крие од таа проблематична ситуација, а потоа неколку години се сети да побара правна заштита“, заклучи Јакољвиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа