Адвокатот на Ќосето: Горанчо не е виновен, зарем сметате дека е терорист?

Обвинителството не само што не го докажа обвинението туку сите посведочивме дека лицето Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото дејствување нема ниту едно дејство со кое би се направило терористичко загрозување на уставниот поредок и поради тоа, од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник.

Ова денеска на Суд го изјави адвокатот на Ќосето, Драган Пешевски, во завршните зборови за 27. април, пренесе Макфакс.

- „Овој човек до мене, Горанчо Ангелов, во своите средни години, не е осудуван, татко е на 3 деца, од кои 2 малолетни, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ, сметате ли дека е терорист? Во обвинението стои дека целта била спречување избор за претседател на Собранието. Како може тоа да е вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречен“, запраша Пешевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега