Адвокатот на Катица Јанева: Изјавата на Русковска е недолична

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, е затекнат од изјавата на обвинителката Вилма Русковска која најави финансиска истрага на судиите од Апелација.

-Недолична е изјавата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. И обвинителството е странка во постапката, како и ние бранителите, па затоа не треба да ја коментира судската одлука на овој начин. Зарем за сите досегашни решенија со кои се удоволуваше на обвинителството и притворот се продолжуваше, ние да велиме дека биле криминални одлуки, вели адвокатот Кадиев за „Фокус“.

Според него,  Јанева се држела во притвор по секоја цена, иако тоа нанело штета на истрагата.

Таа вчера беше спроведена во домашен притвот, криејќи го лицето со качулка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега