Адвокатот на Јовановски: Животот на Боки 13 е во опасност, му откажа левиот бубрег

На Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено. Адвокатот вели дека секој ден здравствената состојба му се влошува. 

– Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран – вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Боки 13 е во притвор веќе неколку месеци за случајот „Рекет“. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега