Адвокатот кој го води случајот на претепаното дете во кочанско: Сите идеали на светот не вредат колку солзите на дете

13-годишно дете (Д.А.) од Скопје, беше жртва на брутално физичко насилство од страна на жителите на кочанската населба „Трајаново трло“ .

Адвокатот Срџан Амет, кој го води случајот за Точка изјави дека станува збор за дете од дисфункционално семејство, со законски застапник од центарот за социјална работа. Детето сега е сместено во згрижувачко семејство, прегледано е и е во добра здравствена состојба.

Амет истакнува дека во текот на оваа недела се очекува МВР по комплетирањето на потребната документација да постапи согласно законите и да поднесе соодветни поднесоци до лицата кои го сториле делото.

Адвокатот во текот на оваа недела ќе ги обезбеди сите потреби докази во рамки на неговите овластувања, ќе поднесе кривична пријава до соодветното јавно обвинителство за кривично дело насилство врз дете, согласно Кривичниот законик на РСМ.

„Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, заклучува Амет за Точка.

ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани. ОВР Кочани, стои во соопштението од МВР, презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта. Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н. , Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа