Адвокатот ја „искара" Катица Јанева: Не си на распит

Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Новинарите со безброј прашање околу парите, Орце камчев, дали на снимките се слуша нејзиниот глас, ја нападнаа обвинителката на СЈО, а таа им одоговараше на прашањата.

Прашана дали е нејзиниот глас на објавената видео снимка на која на Јордан Камчев му вели дека „се ќе биде во ред“, Јанева рече дека засега не може и не смее тоа да го каже зашто во истрага не се споделуваат информации.

– Се надевам дека ќе има судење, ќе се гледаме уште, додаде шефицата на СЈО.

На прашањата дали знае каде се парите од „Рекет“ и дали Камчев е се уште осомничен, Јанева одговори: „да“.

За одземените телефони, рече дека се уште се на анализа во обвинителството, а за тоа дали се форматирани, изјави дека бил форматиран третиот телефон што е изгубен.

Таа не кажа зошто предложила спогодба за предметите „Империја“ и за „Поштенска банка“ и ослободување на обвинетите.

Додека одговараше на новинарските прашања, адвокатот Стеван Павлевски неколкупати ја предупреди дека не е на распит со цел да прекине со изјавите.

Павлевски кој денеска ја придружуваше Јанева во обвинителството е адвокат на Цветан Панделевски, еден од обвинетите во предметот „Империја“ на СЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега