Адвокатите на обвинетите поднеле пет приговори за „Талир"

До кривичниот суд до вчера стигнале 5 приговори од адвокатите на обвинетите во предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, пренесе макфакс.

 Од судот велат дека сè уште тече рокот во кој бранителите на осомничените може да приговараат на поднесеното обвинение кое треба да го оценат тројца судии на скопска единица. 

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“ за нелегално финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега