Адвокат од Швајцарија заразен со коронавирус открил низ што поминал: „За ден ипол завршив на интензивна нега“

Расте бројот на излекуваните од коронавирусот во светот. Но, приказните на луѓето кои биле болни, па закрепнале, предупредуваат на тоа за каков непредвлидлив вирус станува збор. Заклучок е дека правила нема,

Охрабрувачки примери пристигнуваат од сите страни - 95-годишна жена од Швајцарија вирусот на една недела ја сметсил на интензивна нега, одбила респиратор, но сепак успеала да оздрави.

„Се надевам дека ќе си ја вратам силата и дека ќе живеам уште малку. Имам внуци, правнуци и би сакала да ги гледам и да разговарам со нив“, рекла Гертруда Фатон во прилог емитуван на дневникот на Нова ТВ.

Има и примери кои предупредуваат дека никој не е безбеден. Италијанскиот адвокат Андреа Наполи цел живот се занимавал со спорт, живеел здраво, никогаш не пушел. Вирусот го покосил нагло. Добил висока температура, не можел да диши, бил толку слав што не можел ниту да стане од кревет.

Завршил на респиратор.

„Бев на кислород десет дена. Всушност осум дена, скоро девет. Постојано, без престан“, навел Андреа Наполи и додал: „Таквите ситуации треба да ги проживееш за целосно да ги разбешереш. Ова секако не е еден обичен грип. Никогаш не сум се нашол во ситуација како оваа. Јас кој имам 33 години, кој сум извонредно здрав, се најдов за помалку од еден ден на интензивна нега“.

Завшрил и на респиратор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега