Адеми: Уставни измени нема да и наштетат на Северна Македонија

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми во говорот на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) истакна дека земјата нема да претрпи никаква штета ако го исполниме условот за измена на Уставот и ги почнеме преговорите со ЕУ. Неговиот колега од Националниот комитет за европски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски рече дека главните политички партии во Македонија имаат консензус по прашањето за проширување на Унијата и побара овој процес да не се злоупотребува.

Адеми рече дека сме исправени пред еден голем предизвик што е поврзано со уставните измени и предуслов за отворање на кластерите. Лично, но тоа е став и на ДУИ, рече Адеми, „Република Северна Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“.

Тоа, според него, треба да го направиме што пе можно побрзо, ако навистина мислиме, а не само декларативно да го следиме европскиот пат.

-Поборник сум да обезбедиме широк, меѓупартиски државен општествен консензус. Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година. Помалку да се бавиме со политика, а повеќе да се фокусираме кон реформите, рече Адеми.

 

01.12.2022 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега