Адеми: Политизирањето на образованието е неприфатливо

Немам лична или партиска агенда за нарушување на квалитетот на националниот образовен систем туку, напротив, имам агенда за подобрување, рече   министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со случувањата во основното училиште „Његош“ во скопското село Јурумлери и реакциите за отворање паралелка на албански јазик.

Тој на промоцијата ЕВН-кабинетот во средното техничко во Гостивар одговараше на новинарски прашања поврзани со актулените состојби во образованието.

– Сум рекол во повеќе наврати дека не треба да се остава простор за креирање предрасуди. Ги следиме настаните во општина Гази Баба и конкретно училиштетот „Његош“ и најавите за протест. Апелирам да не го политизираме образованието, бидејќи тоа е неприфатливо и да не го претвориме во политичка или етничка арена. Да се фокусираме на обединувањето, подвлече  Адеми.

Случајот со училиштето „Његош“ стана актуелно по реакциите на неколку родители кои рекоа дека има десетина ученици кои завршиле петто одделение и до сега не се запишале во шесто одделение. Тие бараат наставата за нивните деца да се одвива на нивниот мајчин јазик. Родителите најавија протести во среда.

Адеми одговори и на новинарско прашање за застојот на градбата на делот за паралелките на македонски јазик во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Според него, станува збор за неисполнување на стандардите кои се потребни при изработка на техничката документација.

– Нашите служби имаа забелешки на нивната документација. Ние, и јас ккако министер, би сноселе сериозна одговорност доколку инвестираме во проекти што не ги исполнуваат стандардите. Таков случај во општина Тетово имаше и во училиштето во Џепчиште и средното медицинско. Ние не ги делиме училиштата, наставниците и учениците и ќе им излеземе во пресрет на сите. Нека ги коригираат забелешките кои сме им ги предочиле, подвлече Адеми.

Министерот најави дека наскоро ќе градат спортски сали во гостиварските села Добри Дол и Дебреше како дел од стратегијата за инвестирање во сите општини. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега