Адеми: Oд септември ново покачување на платите на наставниците и професорите за 5%

Минатата година во септември беше  зголемена платата на наставниците за 5 %, тоа ќе биде направено  и во септември оваа година – најави денеска од Штип,  министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

,,Во септември 2018 година ја покачивме платата за 5%. Овој септември ќе имаме покачување повторно за 5% и во основното и во средното образование. За прв пат по подолго време зголемување на платите че има и во високото образование. Очекувам дека овој тренд на покачување на платите ќе продолжи, бидејќи нашите наставници и стручни соработници заслужуваат повеќе и ние мора да им обезбедиме повеќе“,  рече Адеми.

На последниот предупредувачки протест, што на 8 јуни го одржа СОНК пред Владата беше побарано зголемување на платите за 25 %.

Трајче Димов директор на основното училиште ,,Гоце Делчев “ во Штип, вели дека од аспект на наставник барањето на СОНК е реалоно.

,,Ако ме прашате како наставник тогаш е оправдано, но секогаш треба да се видат можностите како тоа и да се добие. Се надеваме ќе се најде заеднички јазик, при што висината на покачувањето на платите ќе биде утврден,“ рече Димов.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски  на последниот протест најави дека тоа е последен предупредувачки протест пред генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања, пред се покачување на платата за 25%.

Министерот Адеми денес во Штип, рече дека со СОНК биле во постојана комуникација и дека со овој синдикат негувале солиден социјален дијалог.

Адеми денеска во Штип учествуваше на јавна дискусија за Нацрт-законите за основното образование и за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега