Адеми: Наставата треба да биде со физичко присуство

Поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми во гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот оти учебната година треба да биде со физичко присуство на учениците.

-Секако дека останувам на тој став и уште тогаш како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство, рече Адеми.

Во овој период, рече тој, меѓуинституционалната соработка е клучна особено со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и дека очекува и посакува наставата да се организира со физичко присуство.

Додаде дека Министерството за образование и наука е една од најтешките институции за раководење и затоа и посака среќа на неговата наследничка Мила Царовска.

-Министерството за образование и наука, ова од искуство и од денешната перспектива го велам, е една од најсложните и најкомплексните институции за раководење, имајќи ги во предвид многубројните проблеми и предизвици со кои се соочуваме.  На колешката Царовска и посакувам се најдобро, иако знам дека особено во вакви околности со пандемија и со онлајн учење уште повеќе ќе имаме проблеми, рече Адеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега