Адел со речиси 50 килограми помалку и без шминка- пејачката покажа како изгледа во природно издание (ФОТО)
Адел продолжува да го покажува своето неодамнешно слабеење на Инстаграм во објавата посветена на колешката Бијонсе и нејзиниот последен визуелен албум Black is King.
„Ти благодарам кралице што секогаш нè правиш да се чувствуваме сакани преку твојата уметност“, напишала Адел веднаш до фотографијата за која добила повеќе од 3. милиони лајкови за помалку од 12. часа, а многу нејзини обожаватели ја поканиле да соработуваат заедно.
„И ти си кралица“, „Изгледаш фантастично“, напишале нејзините фанови, а многумина биле полни со пофалби и за нејзината нова фризура. Бројни обожаватели на 32-годишната пејачка исто така и кажале дека изгледа непрепознатливо. Таа во последните 4. години изгуби скоро 50. килограми, а нејзината трансформација веќе некое време е тема на социјалните медиуми.
Пред неколку месеци, нејзиниот поранешен личен тренер ја бранеше пишувајќи дека Адел не ослабнала за да ги натера другите да се чувствуваат подобро, туку се подобрила еисклучиво заради себе и семејството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа