АД Водостопанство изнајмиле 15 коли за 417.000 евра - истите во салон можеле да ги купат за 270.000 евра

Државното водостопанство изнајмило 15 возила за 417.000 евра, иако истите можело да ги купи нови од салон за 270.000 евра, пишува ТВ 24.

ТВ 24 објави дека договорот за оперативен лизинг е склучен со „Аутомотив груп“- изнајмени се 14 теренски возила „Дачиа Дастер“ и едно “Рено Талисман“. Спорно во договорот според оваа телевизија е и тоа што стои и дека во тие 5 години, ако едно возило надмине 100.000 километри, претпријатието ќе плаќа по 19 денари за секој нареден поминат километар.Телевизијата пресметала дека претпријатието да ги купеше возилата, ќе платеше максимум 270.000 евра, или речиси 150.000 евра помалку од што ќе плати за изнајмувањето.

Така само за изнајмување на едното возило „Рено Талисман“ за пет години, Водостопанство ќе плати 48.000 евра, а тоа возило во салон чини максумум 27.000 евра. За рентање на едно возило „Дачиа Дастер“ претпријатието ќе плати речиси 27.000 евра, а максималната продажна цена во салон на ова возило е 18.400 евра. Или за 14-рте Дастери граѓаните ќе платат вкупно 370.000 евра за пет години, или за 120.000 евра повеќе, отколку ако утре овие автомибили се купат од салон. Директорот на АД Водосотопанство Илми Селами е познат на јавноста како поранешен претседател на Антикорупциска, како и заменик министер за одбрана, но беше и во Управниот одбор на резерватот „Јасен“. Истиот за ТВ24 одбил да го коментира случајот. 

Јавното обвинителство најави дека работи на овој случај и доколку утрвди неправилности при набавката ќе поднесе соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега