„Accuweather“ објави временска прогноза за летово - пеколни жештини и разорни бури на Балканот

На поголемиот дел од Европа ова лето му се закануваат топлотни бранови, додека во југоисточниот дел од Европа и Балканот се закануваат силни бури, објави метеоролошкиот сервис „Акуведр“ во својата голема прогноза за летото кое е пред нас.

Додека поголемиот дел од Европа ќе биде под удар на сушното време и опасните топлотни бранови, поголемиот дел од Балканот го очекуваат грмежи и врнежи.

-Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлотните бранови, екстремнижте жештини ќе бидат ограничени - пишува Акуведр.

Опасни бури се најавени на подрачјето на Србија, и Грција, Романија и Бугарија, но и на деловите од Јдранот.

-Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави, како и оркански ветрови и град - предупредуваат метеоролозите и додаваат дека ќе бидат најсилните бури кои биле видени и може да доведат до создавање на торнадо.

Вакви силни бури се очекуваат најмногу во попладневните и вечерните часови.

Летото во Европа секако ќе го обележат долготрајните топлотни бранови кои ќе ги зафатат подрачјата на Португалија и Шпанија се до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат веќе во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се прошират на северот и истокот од континентот.

Според најновите анализи кои ги направи метеорологот Славчо Попоски со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза) летово во Македонија ќе биде натрпосечно топло со повисоки температури од нормалните но и поспарно што значи дека очекуваме ова лето топлите бранови од северните предели на Африка да бидат почести над нашите краишта па така повремено очекуваме температури и од над 40 степени во најтоплите региони што и не е за чудење затоа што овие температури се сепак нормални за нашите краишта и сме ги имале и порано.

Што се однесува пак до врнежите истите ќе бидат над просекот односно ќе има повеќе врнежи од вообичаеното што значи дека поради загреаната атмосфера исполнета со енергија почесто ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а секако дека покрај ова се очекуваат и повремени временски непогоди со град, обилни врнежи и силен ветер како и повремени освежувања на времето односно од север повремено секако дека треба да очекуваме продор на посвеж воздух и пониски температури во текот на летото кое што ни претстои.

Инаку со слична прогноза денеска излегоа и Американските метеоролози кој ја објавија сезонската прогноза за лето 2019 за целиот Европски Континент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега