Абази: Правдата предводена од СДСМ и ДУИ за некого е мајка, а за други маќеа

Бујаре Абази, потпретседателка на Алијанса за Албанците на прес-конференција пред Министерството за правда истакна дека правдата контролирана од „хибридниот режим  на ДУИ и СДСМ за некого е мајка, а за другите маќеа“, реагирајќи на на вчерашната објава на министерот Бојан Маричиќ оти очекува праведна одлука на повисоките судови, во врска со случајот во кој Основниот суд во Охрид донел пресуда со која возачот кој предизвикал сообраќајка лани во август на патот Охрид-Пештани во која загинале две лица, а три биле тешко повредени, добил само условна затворска казна од четири години и глоба од околу 3.000 евра.

– Сведоци сме на две судски пресуди во случајот на Зоран Кичеец кога на патот помеѓу Кичево-Охрид си предизвика сообраќајна несреќа што имавме една жртва и повеќе повредени и тоа судските органи го осудија со шест месеци затвор. Во другиот случај, имавме сообраќајна несреќа во Охрид каде што двајца загинаа од виновникот, а тој си доби судска пресуда условна казна, истакна Абази.

Се наоѓаме пред Министерството за правда, рече таа, за да го прашаме министерот зошто за вториот случај на Фејсбук напиша дека казната е мала и треба да се коригира од повисоките инстанции, додека во првиот случај немаше никаква реакција од негова страна.

– Се прашуваме дали животот на младиот човек од Гостивар е вреден или не за него. Морам да констатирам дека животот на обичните граѓани нема вредност, додека за лицата како што е Зоран Кичеец, се одбранети од системот на правдата и од самата влада, изјави Абази.

На новинарско прашање дали очекуваат Алтернатива да влезе во владиното мнозинство и за коментар за средбата на премиерот Зоран Заев со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, Абази рече дека е значајно нивниот фокус денеска да биде ставен на овие судски пресуди, а не на други случувања.

16.11.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега