АА: Сашо Мијалов се спаси благодарение на нашите „Сваровски-ЛујВитон“ судови


 
Судовите и судиите под контрола на подароците на Сvаровски и куферите со пари „Луј Витон“ веќе се претворија во адвокати на криминалот и корупцијата. Еден од обвинетите за најтешките криминални и коруптивни дела, Сашо Мијалков денес се спаси од осум години затвор, благодарение токму на овој правосуден систем во земјава.  Ваква реакција доаѓа од Алијанса за Албанците, а во врска со ослободувањето на обвинението на Мијаков во случајот Трезор.
 
„Во овој случај, јасно се виде како функционира организираната мрежа на (не)правда, каде основните судови намерно прават процедурални пропусти, со кои му создаваат алиби на Апелациониот суд да ги поништи одлуките и со тоа бескрајно да ги влече процесите.
Ова е и доказ дека во Северна Македонија нема ниту капацитет, ниту волја да се воспостави правда, а го потврдува констатацијата на Алијанса за Албанците дека на земјата и е потребна меѓународна мисија која ќе спроведе вистински реформи“, стои во нивната реакција.
25.11.2022 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега