АА „распали“ по Арсовска: Градоначалничката Данела итно да си даде оставка - тоа е решението

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одамна потфрли во својата должност, а сега таа станува штетна за сите скопјани, обвинуваат од Алијанса за Албанците во соопштение испратено до медиумите.
 
„По неправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, сега го блокираше и јавниот превоз, наштетувајќи им на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје.
Би упатиле повици да се реши проблемот, но, Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка.
Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје“, се вели во реакцијата на АА во врска со раководството на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
23.11.2022 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа