АА: Ги поддржуваме приватните превозници, Арсовска да ги прифати нивните барања

Алијанса за Албанците ги поддржува протестите на возачите на приватните автобуси во Скопје и се солидаризира со нивната борба за правда. Нивните барања се праведни и легитимни, велат од АА. 
„Ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, под итно да седне на маса со приватните превозници, бидејќи покрај нив, сериозно се оштетени и граѓаните кои деновиве се соочуваат со недостиг на транспорт и хаос во сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи во овие денови и да имаат разбирање за превозниците кои водат битка за елементарно право коешто неправедно им се ускратува“, додаваат оттаму.
09.12.2022 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега