94-годишната Дорис стана хит на социјалните мрежи поради тоа што го направила кога дознала дека сопругот ја изневерува

94-годишната баба Дорис станала позната на ТикТок благодарение на својот внук Џовани. Тој започнал да објавува смешни видеа во кои неговите следбеници имаат прилика да го видат посебниот карактер и личноста на Дорис.

Во едно особено популарно видео кое е прегледано 57 милиони пати на ТикТок и Фејсбук, Дорис се присетила како го фатила сопругот дека ја изневерува и одмаздата која му ја приредила нему и на неговата „пријателка“. 

„Дознав дека има друга девојка, па се спријателив со неа. Една ноќ заедно излеговме, а јас одлучив дека нема ништо да пијам. За разлика од мене, таа пиеше. Кога дојде време да јадеме нешто, таа беше толку пијана што падна со лицето во храната и така заспа. Потоа му се јавив на сопругот и му кажав да дојде по својата пријателка“, раскажала бабата.

Дорис на социјалните мрежи споделила мноштво детали од својот живот, вклучувајќи и тоа дека имала двајца сопрузи алкохоличари и 5 деца, а по вториот развод работела дури 3 работи за да може да се грижи за нив.

На крај отворила сопствена градинка каде клиентите плаќале во зависност од своите примања, па дури нудела и бесплатна грижа за деца на сиромашни мајки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега