На 07.05.2026 во 08:20 часот во ОВР Неготино e пријавено дека на регионалниот пат Неготино – Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(74) од Неготино и патничко возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(49) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „даеву тико“, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.


