62 мигранти се криеле во камион – уапсени двајца Срби

Двајца српски државјани на возраст од 33 и 37 години се уапсени откако во нивното товарно возило биле пронајдени 62 мигранти.

-Вчера во 23.30  часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија биле лишени од слобода Х.Ф.(33) и М.Ф.(37), и двајцата од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик. Имено, при контрола на товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, управувано од Х.Ф., каде како совозач бил М.Ф.(37) биле пронајдени 62 лица мигранти. Возачот и совозачот од возилото биле приведени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

 Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг - Гевгелија за понатамошна постапка.

12.06.2021 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега