54-годишник превезувал мигранти, ама го фатија на граница

На 20.05.2022 во 19.50 часот на автопатот А1, кај тунелите Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“  го лишиле од слобода Н.Ц.(54) од Косово. При преглед во возилото „фолксваген туран“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Пакистан. 

Н.Ц. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.05.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа