53-годишен маж крадел од манастири и црква

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.А.(53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село.

Крадецот ги извршил кражбите во периодот од октомври лани до август годинава.

Д.А. е осомничен за пет кривични дела извршени во два манастири и една црква во близина на селото Воиславци, а од објектите најчесто крадел парични средства и други предмети кои биле оставани во верските објекти.

27.09.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа