52 здравствени работници заразени со Ковид-19

52 здравствени работници се инфицирани со вирусот Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека насекаде во светот има заразени медицински лица поради нивниот непосреден контакт со заразени пациенти.

-За жал, од нив 34 од нив се заболени во болнички, односно амбулантски услови. Вкупната бројка изнесува 9,5 отсто од вкупниот број на заболени во нашата земја. Со оглед на тоа што некаде има лекари и тука е компромитирана работата, како на пример Инфективното одделение, таму веќе се во функција двајца други лекари интернисти кои што ја организираат работата. Еден е од Скопје, а другиот од Штип, рече Филипче. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега