Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.

-Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово – наведуваат од Обвинителството.

Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Exit mobile version